ГЕРМАНИЈА – ШКОТСКА за почеток на ЕВРО-спектаклот: 10 статистички факти за двете селекции!

Со пресметката меѓу домаќинот Германија и Шкотска вечерва од 21 часот во Минхен стартува 17. Европско првенство на кое ќе партиципираат 24 селекции од Стариот континент.

Сосема е јасно дека Германија е голем фаворит пред денешната пресметка, посебно со поддршката од своите навивачи во Минхен.

Ви издвојуваме 10 статистички факти за двете репрезентации пред денешното отворање на ЕВРО 2024.

  • Германија и Шкотска се соочуваат по третпат на завршница на големи натпреварувања. Германија ги доби двете претходни средби, во групната фаза на Светското првенство 1986 година (2-1) и ЕВРО 1992 (2-0).
  • Шкотска победи само на еден од последните 13 натпревари против Германија (1-0). Тоа беше во април 1999 година, кога Дон Хачисон го постигна единствениот гол на пријателскиот натпревар во Бремен.
  • Германија учествува на 14-тото свое европско првенство, повеќе од која било друга репрезентација. Досега трипати биле европски шампиони, најмногу од било која европска селекција, заедно со Шпанија.
  • Ова е четврти пат Германија да биде единствен домаќин на еден голем турнир, стигнувајќи барем до полуфинале во секое од претходните три домашни изданија. Тие го освоија Светското првенство 1974 година, стигнаа до полуфиналето на ЕВРО 1988 и беа трети на Светското првенство во 2006 година.
  • Германците примиле најмалку еден погодок на секој од последните 12 натпревари на големите натпреварувања. Последен пат ја сочуваа мрежата против Словачка во осминафиналето на ЕП 2016.
  • Германија победила на само еден од нивните последни пет натпревари одиграни во Минхен. Победија со 4-2 против Португалија во квалификациите за ЕВРО 2020 година.
  • За Шкотска ова е четврти настап на Европско првенство, по 1992, 1996 и 2020 година. Досега никогаш не стигнале до нокаут фазата.
  • Томас Мулер има постигнато 10 гола на 19 натпревари на Светските првенства, но никогаш не постигнал гол на 15 натпревари на ЕП.
  • Скот МекТоминеј постигна седум гола за Шкотска во квалификациите, најмногу од еден шкотски играч во една кампања, заедно со Стивен Флечер (ЕВРО 2016) и Џон Мекгин (ЕВРО 2020).
  • Ова е втор голем меѓународен турнир на Стив Кларк како главен тренер. Тој е првиот тренер на Шкотска што го води тимот на две последователни европски првенства.

Се вчитува...