Карлос Алкараз неодамна за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Одличниот Шпанец нема многу време за одмор.
За две недели ќе почне да ја брани титулата на Вимблдон до која стигна по одличниот меч против Новак Ѓоковиќ.
Вториот светски рекет веќе ја изрази својата желба со кого би сакал да игра во евентуалното финале на терените на „Ол Ингланд“ клубот.
„Ако сакате да освоите гранд-слем, треба да ги победите најдобрите. Би сакал повторно да играм против Синер, но овој пат во големото финале“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

