Фудбалската репрезентација на Англија ќе мора да носи долна облека во сауната на хотелскиот комплекс во кој престојува на Европско првенство во Германија. Островјаните се сместени во луксузниот „Weimarer Land Golf Resort and Spa“ во Бланкенхајн.
Генерално, при користење на сауна, постои правило според кое влегувате целосно гол. Ова доведе до дискусии за тоа дали Хари Кејн, Џуд Белингем и компанијанавистина ќе ја фрлат целата своја облека кога ќе се впуштат во оваа услуга.
ФА, сепак, реши да го спаси ова со експлицитна забрана на членовите на англиската делегација – вклучувајќи ги и играчите – да влегуваат таму без облека, пишуваат британските медиуми.
Англичаните првенството го отвораат со дуелот против Србија кој е закажан за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА