Поранешниот селектор на шпанската фудбалска репрезентација, Хавиер Клементе кој ја предводеше оваа европска селекција од 1992 до 1998 година „крена прашина“ во спортската јавност на „Пиринејски Полуостров“ критикувајќи го изборот на сегашниот селектор Луис де ла Фуенте во списокот на патници на Европското првенство да го вклучи и 16-годишниот талент на Барселона, Ламин Јамал.
Според Клементе Јамал е премлад за учество на едно ваков фудбалски настап притоа велејќи дека стравува од можна повреда прашувајќи се и кој би бил одговорен доколку дојде до истата.
„Искрено не сум за тоа. Тоа е моето мислење. Не сакам да се мешам во критериумите во изборот на селекторот Луис де ла Фунете, но јас не би го повикал. Тој велеше и дека ќе добие шанса да заигра. Јас такво нешто не би направил со 16-годишник.
Може ли лекарот да ми гарантира дека така млад играч може да ги издржи острите прекршоци и деке физички е способен за напорот? Кога би добил потврден одговор, би одобрил да биде дел од репрезентацијата.
Ако му се случи нешто кој ќе биде крив? Грешката ќе биде или на лекарот или на тој што му дозволил да игра“, вели Клементе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА