Борусија Дортмунд го назначи новиот тренер

Само еден ден откако Един Терзиќ го напушти кормилото на Борусија Дортмунд, „милионерите“ сосема очекувано и според најавите му ја довери довербата на Нури Сахин да ја води екипата.

Сахин, кој во минатото беше дел од тимот како играч, и досега дел од стручниот штаб, го презема кормилото во следните три години.

„За мене е голема чест да бидам тренер на Борусија Дортмунд. Би сакал да им се заблагодарам на сите одговорни во клубот за довербата што ми ја дадоа. Навистина се радувам на мојата улога во Борусија. Од првиот ден ќе направиме се со многу енергија и голема страст за да го постигнеме максималниот можен успех“, вели Нури Сахин.

Сахин има скромно тренерско искуство, откако беше две сезони во Анталија, пред почетокот на оваа година да се пресели како помошник на Терзиќ.

Сахин е роден во Германија, но има турско потекло, и во минатото играше за турската репрезентација. За Борусија Дортмунд има преку 200 одиграни натпревари во три наврати, а играше и во Реал Мадрид, Ливерпул, Вердер и Аналијаспор.

Се вчитува...