Русин стана најскап голман во историјата на ПСЖ

ПСЖ му донесе конкуренција на Џанлуиџи Донарума, со ангажман на  рускиот голман Матвеј Сафонов. Конечно, ги комплетираше сите документи, и Русинот пристигна во ПСЖ во трансфер вреден 20 милиони евра, што е најскапо голманско засилување во историјата на „светците“, после Кејлор Навас за кого парижаните платија 15 милиони евра.

25-годишниот Сафонов доаѓа од Краснодар, откако ги мина сите младински категории на овој тим, и стигна до сениорскиот дрес. Тој придонесе за второто место во првенството на Русија, само со еден бод позади шампионот Зенит.

„Многу сум среќен што се приклучувам на ПСЖ, еден од најголемите клубови во историјата. Веќе со нетрпение чекам да почнам со новиот клуб, и да ги направам горди навивачите“, рече Сафонов.

Се вчитува...