Вирц за историја: Најмлад стрелец на ЕП во историјата на Германија

Флоријан Вирц имаше сезона за паметење со Баер Леверкузен, а 21-годишниот бисер продолжи да го живее својот сон и на почетокот од ЕВРО 2024.

Германија почна импресивно на овој шампионат со демолирање на Шкотска од 5-1, триумф што беше најавен токму со голот на Вирц во 10. минута.

Со овој погодок, Вирц стана најмладиот стрелец во историјата на германската репрезентација кога станува збор за натпревари од ЕП. Асот на Баер стрелаше прецизно на 21 година и 42 дена, уривајќи го претходниот рекорд на Каи Хаверц, кој во 2020 беше прецизен против Португалија на возраст од 22 години и осум дена.

Она што е интересно, стрелецот на вториот гол за Германија, Џамал Мусиала, исто така го урна претходниот рекорд на Хаверц, стрелајќи прецизно на возраст од 21 година и 109 дена.

Се вчитува...