Кошаркарите на Далас маверикс не дозволија метла во финалната серија од НБА лигата против Бостон селтикс откако синоќа на домашен терен намалија на 3-1 со убедлив триумф во мечот број четири од 122-84.
Тимот од Тексас сите дилеми околу победникот ги реши уште во првото полувреме по кое имаше убедливи 61-35. Лука Дончиќ со 29 поени, надополнети со по пет скока и асистенции беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Џејсон Тејтум заврши со само 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА