Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Иван Ракитиќ смета дека е важно Хрватска да го започне настапот на Европското првенство во сабота со победа или реми со Шпанија.
Ракитиќ, кој престана да игра за Хрватска во септември 2020 година, изјави дека „многу играчи“ во актуелната репрезентација се во „многу добра форма“ и „полни со оптимизам“. Актуелниот играч за врска на саудиски Ал Шабаб, изјави дека деновиве хрватските дресови можат да се видат насекаде во светот.
„Пред некој ден одев по улиците на Ријад и видов две момчиња во хрватски дресови. Им побарав фотографија. Дресот на Хрватска е нешто посебно, не поистоветува со Хрватска. Играчите кои го носат се наши идоли“, изјави Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА