Еден од милениците на македонската ракометна јавност и поранешен тренер на двократниот европски првак, Вардар, Давид Дејвис Камара е назначен за прв тренер на романскиот ракометен гигант Динамо Букурешт.
Давид Дејвис потпиша двегодишен договор со тимот од главниот град на Романија, во кој за цел ќе има покрај освојување на двојната титула во домашниот шампионат и што подобар пласман во Лигата на шампионите.
Динамо Букурешт оваа сезона беше единствен негермански тим на Ф4 турнирот во Лигата на Европа, а годинава имаат уште поголеми амбиции, учество во елитата откако веќе се пријавија за една од специјалните покани за учество во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА