Гледање меч на ЕП се претворило во хорор: Во Германија избодени тројца навивачи

Наместо мирно да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска во Мајнхајм, се случил немил настан бидејќи тројца навивачи биле избодени со нож. Според полицијата, сторител на ова дело бил  човек кој и претходно со нож им се заканувал на луѓето.

Напаѓачот замавнал со нож, а потоа влегол во дворот каде се гледал натпреварот и почнал да ги боде навивачите. Несреќните луѓе не знаеле што ги погодило, панично избегале, а подоцна било откриено дека напаѓачот веќе убил еден човек на друга локација.

Полицијата пристигнала на местото на настанот, но напаѓачот ги нападнал и полицајците, а портпаролката на полицијата за „БИЛД“ изјавила дека било употребено и огнено оружје.

Се вчитува...