Швајцарија заслужено со предност на полувреме против Унгарија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Швајцарија водат со 2-0 на полувреме против Унгарија во натпревар од 1. коло од А групата на Европското првенство кое што се игра во Германија.

Швајцарците поведоа со 1-0 со погодокот на играчот на бугарски Лудогорец, Квадво Дуа во 13. минута. Сепак, не можеше да се израдува Дуа бидејќи главниот судија Славко Винчиќ на асистенција на својот помошник досуди офсајд.

Сепак, по анализа со ВАР беше очигледно дека Швајцарецот не е во офсајд, па Швајцарија поведе со 1-0. Унгарците првата своја шанса ја имаа во 40. минута кога Вили Орбан млако биеше со глава кон голот на Зомер. Водство од 2-0 за Швајцарија донесе одличниот фудбалер на Болоња, Микел Ебишер кој стрелаше во 45. минута.

 

Се вчитува...