Швајцарија во интересен меч ја совлада Унгарија за деби победа на ЕП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Швајцарија стигна до првата победа на ЕВРО 2024 откако денеска во Келн во меч од 1. коло од А групата славеше над репрезентацијата на Унгарија со 3-1. Швајцарците поведоа со 1-0 со погодокот на играчот на бугарски Лудогорец, Квадво Дуа во 13. минута. Сепак, не можеше да се израдува Дуа бидејќи главниот судија Славко Винчиќ на асистенција на својот помошник досуди офсајд. Сепак, по анализа со ВАР беше очигледно дека Швајцарецот не е во офсајд, па Швајцарија поведе со 1-0.

Унгарците првата своја шанса ја имаа во 40. минута кога Вили Орбан млако биеше со глава кон голот на Зомер. Водство од 2-0 за Швајцарија донесе одличниот фудбалер на Болоња, Микел Ебишер кој стрелаше во 45. минута.

Фудбалерите на Унгарија заиграа далеку подобро во второто полувреме против Швајцарција, па одличната игра успеаја да ја материјализираат со погодок со кој намалија на 1-2 преку Барнабас Варга во 66. минута.

До крајот Швајцарија успеа да ја потврди победата преку Емболо во 93. минута (1-3).

 

Се вчитува...