Хрватска и Шпанија ќе ја отворат групата Б на Европското првенство во Германија со својот натпревар на „Олимпискиот стадион“ во Берлин кој ќе почне во 18 часот.
Селекторот на Хрватска ги избра почетните 11 за овој меч, а најголема предност за Хрватите ќе биде нивната неверојатна средина, сочинувана од Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ и Матео Ковачиќ. Во нападот Далиќ се одлучи за Крамариќ, Будимир и Мајер.
Од друга страна историја на Европските првенства ќе испише Јамине Јамал. Талентираниот тинејџер денеска има само 16 години и 338 дена што го прави најмлад играч кој заиграл на континенталните собири. Друштво во нападот на Јамал ќе му прават Нико Вилијамс и Алваро Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА