Габриел Паулиста е нов фудбалер на Бешикташ

Бразилскиот дефанзивец Габриел Паулиста е нов играч на Бешикташ, потврдија од турскиот клуб. Паулиста во Бешикташ пристигна од Атлетико Мадрид, на кој му се приклучи во јануари оваа година.

Паулиста потпиша договор со Бешикташ на три години, а како што се наведува во првите две сезони ќе заработи 2.120 милиони евра, додека за третата сезона ќе добие 10.000 евра помалку.

Бешикташ плати отштета од милион евра за бразилскиот дефанзивец. Паулиста ја започна својата сениорска кариера во Виторија, го носеше дресот на Вилјареал, потоа Арсенал, па Валенсија и на крајот Атлетико.

Се вчитува...