Селекторите на Италија (Спалети) и Албанија (Силвињо) ги одредија стартните 11 за вечерашниот натпревар кој овие две репрезентации од 21 часот како дел од 1. коло во групата Б на ЕП во Германија ќе го одиграат на „Сигнал идуна“ паркот во Дортмунд.
Спалети се одлучи на првиот меч од групната фаза во шпицот на нападот да стартува со Скамака, додека друштво од позадина ќе му прават Киеза, Фратези и Пелегрини.
Од друга страна Албанија на овој меч ќе ја предовди Јасир Асани кој во младинските категории беше дел од скопски Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА