Србија вечерва ќе го игра својот прв меч на ЕВРО 2024, и тоа против фаворитот во групата, актуелниот европски вицепрвак Англија. Јасно е дека „гордиот албион“ ќе ја има фаворитската улога, но српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси гласно им порача на своите избраници дека очекува храбра игра.
Тој најави офанзивна формација на Србија, во обид да се постигнат што повеќе погодоци против фаворитот.
„А зошто да не ги нападнеме? Не разбирам, зошто да им се плашиме, да ги оставиме тие да имаат контролa, a ние само да гледаме… Јас верувам во нас, очекувам отворен фудбал, шанси на двете страни. Што ако дадеме први гол? Ќе се обидеме да постигнеме и втор, не се сомневајте во тоа. Секако дека го почитуваме противникот, но мораме пред се да се почитуваме самите себе. Ќе се обидеме да им создадеме што повеќе проблеми“, изјави Стојковиќ на вчерашната прес-конференција.
Дуелот меѓу Англија и Србија се игра вечерва во 21 часот на стадионот во Гелзенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА