Србите сонуваат за реприза: Ноќта кога Џајиќ ги расплака Англичаните (видео)

Србија вечерва ќе се обиде да ја изненади фаворизираната Англија на стартот од ЕВРО 2024, а спортската јавност кај нашиот северен сосед потсетува на легендарниот меч што поранешна Југославија го одигра со „гордиот албион“ во полуфиналето од ЕП 1968 година.

Дуелот што се одигра во Фиренца заврши со голема победа на Југославија од 1-0 со голот на Драган Џајиќ, а Фудбалскиот Сојуз на Србија денеска на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија и видео од тој легендарен погодок, со надеж за реприза на вечерашниот дуел во Гелзенкирхен.

Џајиќ ќе биде присутен на арената во Гелзенкирхен, овојпат како претседател на Фудбалскиот Сојуз на Србија, па останува да се види дали и вечерва ќе има причина за радост како што тоа беше случај во Фиренца пред 56 години.

Се вчитува...