Марио Хезоња ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид, хрватскиот кошаркар ја прифати понудата за нов договор со „кралскиот клуб“ и на тој начин ја завршува сагата во која неочекувано се најде во последните денови.
За тоа е виновен самиот Хезоња, кој гласно истакнуваше лојалност кон Реал, за еден ден по освоената титула во АЦБ не само што ја смени плочата, туку договори трансфер кај лутиот ривал Барселона. Се беше договорено (четиригодишен договор за загарантирани 12 милиони евра, но каталонците во „пет до дванаесет“ се премислија и решија да не го ангажираат овој кошаркар.
Флорентино Перез во прв момент беше бесен на Хрватот, но штом страстите се смирија дојде до нови преговори кои експресно вродија со плод, Хезоња ќе потпише договор на загарантирани три години и ќе остане дел од најтрофејниот шпански кошаркарски колектив.
Сапуницата „Марио Хезоња“ во европската кошарка беше бурна, но барем траеше само една седмица…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА