Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо во вторник ќе го започне своето шестто учество на Европското првенство кое дополнително ќе ги продолжи десетте рекорди кои се во негова сопственост.
Од неговото деби на оваа сцена на 12 јуни 2004 година против Грција тој досега има одиграно 2.033 минути на пет европски првенства што е апсолутен рекорд пред неговиот сонародник Пепе (1.710) и Џиџи Буфон (1.530).
Сега 39-годишникот настапи на 25 натпревари од финалната фаза на Европските првенства што е за шест натпревари повеќе од неговите сонародници Пепе и Жоао Мутињо, односно пет натпревари повеќе од Бастијан Швајнштајгер и Леонардо Бонучи кои се на делба на четвртата позиција.
Ѕвездата на Португалија од 25-те натпревари беше стартер на 23 што е за четири натпревари повеќе од Пепе. „Подиумот“ го комплетираат три Италијанци: Буфон, Кјелини и Бонучи со по 17 натпревари во првите единаесет.
Од првиот гол против Грција на дебито до последните два во групната фаза против Франција на првенството во 2021 година, Роналдо 14 пати ја тресеше противничката мрежа што е апсолутен рекорд.
Четиринаесетте голови Роналдо ги постигна на 10 натпревари. Во 2004 година забележа вкупно два голови против Грција и Холандија, во 2008 година ја затресе мрежата против Чешка, во 2012 година постигна два гола против Холандија и Чешка, во шампионската 2016 година стрелаше три пати, два пати против Унгарија и еднаш против Велс, а во 2021 година постигна пет голови. Два против Унгарија, еден против Германија и два против Франција.
Најблиску до него кога станува овој рекорд е Англичанецот Ален Ширер кој ја тресеше мрежата против шест репрезентации.
Кристијано Роналдо на четири натпревари постигна по два голови што е за два пати повеќе од Германците Милер и Волер, Белгиецот Лукаку и Французите Бензема и Гризман.
Пет голови на Роналдо беа први на еден натпревар. Португалецот ги „отвараше“ средбите против Холандија во полуфиналето во 2004 година, против Чешка во 2012 година, Велс во 2016 година, Германија и Франција во 2021 година.
На 25-те одиграни натпревари на Европските првенства, 12 завршија со португалска победа што е рекорд кој го следат Шпанците Фабрегас и Иниеста со по 11 победнички натпревари.
Роналдо е „виновен“ за 20 голови од клучен карактер. Покрај 14-те кој ги постигна сам тој има и шест асистенции. Него го следи Платини со 10 голови и асистенции.
Португалецот упати 60 обиди кон противничкиот гол на Европските првенства што е далеку повеќе од било кој. Од нив 19 завршија во рамките на голот, исто како и Герет Бејл со кој го дели овој рекорд. Нив ги следи Гризман со 17 обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА