Дончиќ: Само да направиме „брејк“ во Бостон, потоа се е можно

Далас со преубедив триумф избегна „метла“ во финалната серија против Бостон и намали на 3-1 во пресрет натпреварот во „ТД Гарден“ кој ќе биде одигран вечерта помеѓу понеделник и вторник со почеток од два часот и 30 минути по полноќ.

Натпреварот го најави и најдобриот кошаркар на Маверикс, Лука Дончиќ кој имаше пофални зборови за противникот, но најави и борба за „брејк“ на гостински терен по кој како што вели Словенецот се е можно.

„Не сакам да мислам дека ќе загубиме. Бостон покажа сериозен карактер и одлична игра, но ние докажавме дека не сме случајно во финалето. Атмосферата ќе биде жешка и пеколна, тие ја имаат предноста на домашниот терен, но ако заиграме во наш стил, мислам дека можеме да ги изненадиме уште еднаш.

Финалната серија секогаш може да донесе голема возбуда. Се надевам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и ќе се вратиме дома со победа. Ако намалиме на 3-2, мислам дека понатаму се е можно“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...