Тонали повторно во дресот на Милан?

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали изминатото лето направи трансфер вреден 80 милиони евра од Милан во Њукасл Јунајтед. Почетокот на ерата во англискиот фудбал за играчот за врска сепак не беше славна бидејќи доби 10 месечна суспензија поради обложување па наскоро би можел и да замине од „Островот“.

Според италијанските медиуми, Милан кој е во потрага по квалитетно засилување на средината на теренот цели кон враќање на репрезентативецот во Милано. Во полза на „росонерите“ треба да е незадоволството на Тонали од животот во Англија како и фактот дека во следната сезона амбициозниот Премиерлигаш нема да биде дел од европските натпреварувања.

Тонали беше дел од Милан од 2020 до 20203 година забележувајќи 130 настапи на кои постигна седум голови и забележа 13 асистенции притоа освојувајќи ја шампионската титула во сезоната 2021/22.

Се вчитува...