Игор Штимац веќе не е селектор на Индија

Хрватскиот селектор Игор Штимац повеќе не е селектор на Индија, откако доби отказ од функцијата по слабите игри на оваа селекција во последно време.

Така, беше прекината петгодишната соработка меѓу Индија и Штимац, а причина за прекинот беа бледите резултати во квалификациите за СП 2026. Индија загуби од Катар во последното коло и со тоа остана без шанса за пласман на Светското првенство.

Штимац беше на средба со водечките луѓе во индиската федерација и му беше врачен отказот. Штимац ја презеде Индија во 2019 година, а во кариерата како селектор се уште го памети мандатот на клупата на Хрватска, која ја водеше во периодот од 2012 до 2013 година.

Се вчитува...