Србија на Олимписките игри најверојатно ќе остане без кошаркарот на Баерн Минхен, Владимир Лучиќ.
Лучиќ, кој има 35 години, имаше долга сезона, влегувајќи подоцна од соиграчите од Баерн бидејќи се опоравуваше од повредата поради која го пропушти Мундобаскетот.
„Тој се опоравуваше од повредата која го оддалечи од терените осум месеци и го спречи да игра на Светското првенство. Сето тоа го натера Лучиќ длабоко да размисли дали и колку може да и помогне на националниот тим ова лето“, пишуваат српските медиуми.
Лучиќ освои сребро со Србија на Евробаскет во 2017 година, беше незаменлив шраф на Мундобаскет 2019, како и на континенталното натпреварување во 2022 година, каде ја носеше капитенската лента.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

