Со денешните две средби од групата Ф и официјално ќе биде комплетирано првото коло од групната фаза од ЕВРО 2024. Први на терен излегуваат фудбалерите на Грузија, кои своето деби на европските шампионати ќе го имаат против селекцијата на Турција.
Во вечерниот термин на мегдан ќе ја видиме Португалија предводена од Кристијано Роналдо, која за противник на стадионот во Лајпциг ќе ја има селекцијата на Чешка.
ТУРЦИЈА – ГРУЗИЈА 18 часот
Овие две селекции досега одиграле пет пријателски средби, поуспешни се Турците со три победи, едно реми и еден пораз. Последниот меч го одиграле во 2012, кога Турција славеше со 3-1.
Репрезентацијата на Турција никогаш не славела на премиерен меч од досегашните пет учества на европските првенства.
Грузија се пласираше на ЕВРО 2024 преку Лигата на Нации, во финалето на пенали совладувајќи ја селекцијата на Грција.
ПОРТУГАЛИЈА – ЧЕШКА 21 часот
Португалија има четири победи на четирите средби со Чешка, со импресивна гол-разлика 10-1. Чесите не постигнале гол на последните три дуели со вечерашниот ривал.
Португалија е единствената репрезентација што се пласирала во нокаут фазата на последните седум европски првенства, серија што трае уштее од 1996 година.
Чесите одиграле 24 средби на ЕП, само две од нив завршиле без победни, и двете против селекцијата на Хрватска (2-2 на ЕП 2016 и 1-1 на ЕП 2020).
Кристијано Роналдо е рекордер за најмногу натпревари (25) и голови (14) на европските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА