Килијан Мбапе ќе може да продолжи да настапува за Франција до крајот на овој европски шампионат, откако најдобриот фудбалер на „триколорите“ се здоби со незгодна повреда во второто полувреме од синоќешниот дуел со Австрија.
Мбапе има скршеница на носот поради која мораше да биде повлечен од игра, но добра вест доаѓа рано утрово од францускиот табор – голгетерот нема да мора да биде опериран и би требало да биде во комбинација за настап на наредните натпревари.
„Килијан Мбапе се врати во тренинг-базата на француската реперззентација. Тој имаше скршен нос по еден дуел во второто полувреме од мечот со Австрија во Дизелдорф. Тој најпрвин беше прегледан од Доктор Франк ле Гал, кој ја дијагностицираше фрактурата на носот. Мбапе ќе продолжи со третмани вонаредните денови, но донесена е одлука тој да не биде опериран. Ќе биде изработена маска за „десетката“ на нашиот национален тим, кој ќе може да се врати во натпреварувањето по периодот во кој ќе има третмани на повредата“, се вели во соопштението на Француската Фудбалска Федерација.
„Триколорите“ во второто коло од групата на 21 јуни ќе се сретнат со Холандија, меч на кој Мбапе најверојатно нема да биде во можност да настапи. Камбекот на одличниот голгетер се очекува на дуелот од третото коло во групата против Полска, закажан за 25 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА