Селекторот на Австрија Ралф Рангник е задоволен по натпреварот и покрај поразот на стартот на ЕУРО 2024 година. Репрезентацијата на Франција ја совлада селекцијата на Австрија со 1-0 во првото коло од групата Д на Европското првенство во Германија.
Единствениот гол всушност беше автогол на австрискиот дефанзивец Максимилијан Вебер во 38. минута.
„Го загубивме натпреварот. Да бидеме фер, Франција имаше повеќе шанси и тоа беше заслужена победа. Но, бевме во игра до последната минута. Оставивме се на теренот. Сега треба да гледаме напред и да се обидеме да ја победиме Полска во петок. Да бидам искрен Французите едвај дочекаа да заврши мечот“, изјави Ралф Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА