Дончиќ разочаран: Моја е вината, не направив доволно

Лука Дончиќ е разочаран од конечниот исход на финалето на НБА каде неговиот Далас Маверикс беше поразен со 4-1 во серијата од Бостон Селтикс.

На стартот на прес-конференцијата по петтиот натпревар, Словенецот беше запрашан што му е на ум.

„Ништо, за жал загубивме. Ништо посебно. Се чувствувам добро, направивме некои добри работи. Бевме заедно пет месеци. Горд сум на сите играчи, тренери, целиот персонал. Не победивме во финалето, но имавме одлична сезона. Јас сум горд сум на сите. Бостон е добар тим кој помина низ многу работи. Тие созреаа. Можеме многу да научиме од нив. Мора да се бориме следната сезона“, изјави Дончиќ. 

Тој говореше и за својот соиграч, Кајри Ирвинг за кого вика дека без него, Далас немал да стигне во финалето на НБА лигата.

„Неверојатно е да го имаш во тимот. Минатата сезона си кажавме дека ќе се бориме следната сезона. И верувавме во тоа. Сепак, без него, немаше да стигне до финалето“, заврши Дончиќ.

Словенецот говореше и за тоа дали ќе игра за Словенија, на претстојниот квалификациски турнир за игрите во Париз….

„Не сакам да кажам што следува. Морам да донесам одлука за одредени работи. Ќе се обидам да останам поздрав. Имаме разговор за два дена, па тогаш ќе објавам што сум одлучил“, изјави Дончиќ. 

Се вчитува...