УЕФА отвора истрага и против Србија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Англија во првото коло на Европското првенство во Германија.

Во неделата вечерта во Гелзенкирхен, Србија беше поразена од Англија со 1-0 во натпревар од првото коло од групата Ц на Европското првенство.

Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка против ФФ на Србија за фрлање предмети на теренот и пренесување провокативни пораки кои не се соодветни за спортски настан.

Во соопштението на УЕФА се наведува дека постапката е започната согласно член 55 од дисциплинската регулатива.

„Етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе спроведе истрага за наводното дискриминаторско однесување“, се вели во соопштението на УЕФА.

Се вчитува...