Премиер-лигата ќе почне со дерби меѓу ученикот и учителот

Енцо Мареска ќе има пеколно деби на клупата на Челси во Премиер-лигата, откако лондонскиот тим го доби Манчестер Сити за свој прв противник во новата сезона.

Денеска беше објавен распоредот за сезоната 2024/25, а најинтересна се очекува да биде токму пресметката меѓу Челси и Сити на „Стемфорд бриџ“. Само за потсетување, Мареска пред две сезони му беше прв асистент на Пеп Гвардиола во Сити, а Италијанецот сега ќе има можност токму против својот поранешен „учител“ да дебитира во Премиер-лигата.

Арне Слот би требало да има лесна задача на премиерлигашкото деби со Ливерпул ако се знае дека „црвените“ му гостуваат на Ипсвич, додека Арсенал ќе ја има фаворитската улога против Вулверхемптон.

Новата сезона ќе стартува на 16 август, петок, со дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

16 август, петок

Манчестер Ј. – Фулам         21 часот

17 август, сабота

Ипсвич – Ливерпул           13.30 часот

Арсенал – Вулвс                 16 часот

Евертон – Брајтон             16 часот

Њукасл – Саутемптон      16 часот

Нотингем – Борнмут        16 часот

ВестХем – Астон Вила    18.30 часот

18 август, недела

Брентфорд – К. Палас      15 часот

Челси –  Ман. Сити           17.30 часот

19 август, понеделник

Лестер – Тотенхем           21 часот

Се вчитува...