Килијан Мбапе ќе мора да отсуствува на следните две средби на француската репрезентација, за целосно да се рехабилитира и да биде подготвен за нокаут фазата од ЕВРО 2024.
Оваа информација попладнево ја пренесуваат неколку француски медиуми повикувајќи се на извори од таборот на „триколорите“. Според нив, лекарите јасно ставиле до знаење дека Мбапе ќе треба да мирува околу една седмица, а потоа да почне да тренира и да игра со заштитна маска на повредениот нос.
Селекторот Дешамп не сака да ризикува, па така Мбапе ќе биде на клупата за следните дуели со Холандија и со Полска, се со цел тој да биде максимално подготвен за настап за нокаут фазата. Останува да се види како Франција ќе се снајде без својот најдобар фудбалер, ако се знае дека Мбапе беше директно вклучен (со гол или асистенција) во 39% од СП 2018 па се досега (15/38).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА