Португалија долго време се мачеше да го најде патот до мрежата на Чешка, а успеа за само седум минути да дојде до израмнување. Хранач, чешкиот одбранбен играч си постигна автогол во 69. минута, и така го врати фаворитот во игра за победа.
Португалците не успеаја да постигнат гол по неколку чисти ситуации, а потоа една нафрлена топка кон Мендеш кој ја зафати со глава, а потоа голманот ја одби, а таа заврши во телото на Хранач, и влезе во мрежата.
Претходно во 62. минута Провод успеа со убав гол да го отвори резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА