Црвена Звезда официјално го промовираше првото големо засилување за наредната сезона откако потпиша договор со Ајзеа Кенан, извонредниот шутер кој во последните години ги бранеше боите на Олимпијакос.
Кенан пред неколку месеци беше желба и на Партизан, но „црвено-белите“ беа многу поконкретни во разговорите, успеаја да најдат заеднички јазик и денеска и официјално да потпишат двогодишен договор со овој 33-годишен кошаркар.
Кенан беше избран како 34. пик на драфтот во НБА од Хјустон, покрај за овој тим во НБА настапуваше и за Филаделфија, Феникс, Минесота и Милвоки, за во 2019 да се пресели во Европа.
Тој најпрвин играше во рускиот Уникс, по што преку Галатасарај на крајот заврши во Олимпијакос, за од денеска да стане член на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА