УЕФА го избрка од ЕВРО 2024 косовскиот новинар кој „леташе орли“ пред српските навивачи (ВИДЕО)

УЕФА експресно реагираше не дозволувајќи политички провокации од страна на акредитираните новинари за време на Европското првенство 2024 во Германија.

Па, одземена е акредитацијата на косовскиот новинар Арлинд Садику кој пред ТВ камери ги провоцираше српските навивачи со „летање орли“ пред натпреварот против Англија.

Од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија веднаш по натпреварот испратија жалба до УЕФА за однесувањето на косовскиот новинар пред трибината со српски навивачи, па Европската куќа на фудбалот по разгледувањето на случајот одлучи да го отстрани од ЕВРО 2024 одземајќи му ја акредитацијата за продолжението од шампионатот.

Се вчитува...