Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси беше скромен во денешните изјави пред утрешната пресметка со Словенија, предупредувајќи дека неговите избраници нема да имаат нималку лесна задача да стигнат до посакуваната победа.
Тој очекува далеку подобар старт на мечот отколку што тоа беше случај против Англија, но предупредува дека не треба да се очекува тотална доминација и лесна победа на неговата селекција.
„Излегуваме на терен за да победиме, ќе сториме се за да победиме. Верувам дека ќе биде добар натпревар, меѓу две силни селекции. Кој мисли дека Словенија е лесен ривал многу се лаже, многу се роганизирани и квалитетни. Важно ќе биде да стартуваме добро. Видовте против Англија што значи еден рано примен гол, тоа не смее да ни се повтори. Ако играме како во оние 70 минути против Англија, верувам дека се ќе биде во ред“, изјави Стојковиќ.
Страстите по конфликтот со капитенот Душан Тадиќ се смирени, па асот на Фенербахче речиси сигурно ќе има улога на стартер на утрешниот меч.
„Дали да го очекувате Тадиќ како стартер? Би рекол ДА. Мислам дека ќе имаме две измени во стартниот тим во однос на дуелот со Англија“, изјави српскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА