Спортскиот директор на Барселона, Деко има една голема трансфер желба ова лето. Тоа е шпанскиот репрезентативец Дани Олмо кој настапува за Лајпциг, а е достапен за 60 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.
За услугите на 26-годишникот кој во еден момент од кариерата настапуваше и за Динамо Загреб се заинтересирани повеќе европски гиганти, а предност на каталонците е тоа што тој е роден во близина на Барселона и со трансфер во шпанскиот гигант тој би бил најблиску до своето семејство од било кое друго место во Европа. „Марка“ денеска објави дека агентот на Олмо среде ЕП заминал за Барселона, со што се интензивираат шпекулациите дека овој фудбалски ас ќе биде новото големо засилување за каталонскиот гигант.
Олмо помина и дел од својата младинска кариера во „Ла Масија“ по што следеше трансфер во Динамо Загреб во 2015 година. Во редовите на „модрите“ се задржа пет години по што следеше трансфер во германскиот клуб за кој претходната сезона забележа четири голови на 21 натпревар во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

