Монти Вилијамс по само една сезона помината на клупата на Детроит доби отказ од страна на НБА франшизата и покрај тоа што имаше шестгодишен договор. Согласно со тоа Вилијамс ќе добие повеќе од 65 милиони долари колку што му следат до крајот на истиот, а тимот ќе сврти нова страна во својата историја.
Детроит ја имаше една од најлошите сезони во историјата на НБА лигата и постави нов неславен рекорд од последователни порази, а на крајот заврши со само 14 победи, закован на дното на Источната конференција.
Главна трансфер цел на Детроит сега е поранешниот главен тренер на Шарлот, 46-годишниот Џејмс Борего кој во моментот е асистент тренер во Њу Орлеанс. Интересно, тој е и главна цел за тренерската позиција во една од најтрофејните франшизи, Лос Анџелес Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА