Нојер е фудбалски великан: Се израмни со Буфон за еден, го мина Љорис за друг рекорд

Мануел Нојер продолжува да испишува историја со германската репрезентација, откако фантастичниот голман со настапо на денешниот натпревар против Унгарија стигна до два нови рекорда.

Овој дуел е вкупно 36. во кариерата на Нојер на големите натпреварувања, со што тој стана голман со најмногу настапи во историјата, севкупно на европските и на светските шампионати. Досегашен сопственик на овој рекорд беше Французинот Хуго Љорис со 35 средби, а Нојер со двете средби од почетокот на ова ЕП е нов апсолутен рекордер.

Воедно, тој се израмни со Џанлуиџи Буфон како голман со најмногу настапи на европските шампионати. Нојер и Буфон сега имаат по 17 настапи на континенталните собири, оставајќи ги зад себе Едвин ван дер Сар и Руи Патрисио со по 16 и Љорис со 15 натпревари. Се очекува на мечот од третото коло во групата против Швајцарија Нојер да стане апсолутен рекордер и во оваа категорија.

Се вчитува...