Ќе има хаос во Турција: Играше во Фенербахче, а сеа ќе потпише со Галатасарај

Белгискиот интернационалец Мичи Башуаи ќе направи големо предавство, а можеби и најголемата грешка во својот живот.

Белгиецот изминатите две години ги помина во дресот на турскиот великан Фенербахче, а откако му истече договорот ова лето, тој ни повеќе, ни помалку ќе потпише договор со неговиот најголем ривал Галатасарај.

Башуаи се очекува да потпише тригодишен договор, период во кој ќе заработи три милиони евра од актуелниот шампион на Турција.

Башуаи кариерата ја почна во Стандард Лиеж, а играше и во Олимпик Марсеј, Челси, Борусија Дортмунд, Валенсија, Кристал Палас и Бешикташ.

Се вчитува...