Германија одамна не била вака моќна на ЕП

Германија е првата селекција со обезбеден пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024 откако домаќинот на вториот меч од групата А ја забележа и втората победа, овојпат над селекцијата на Унгарија со 2-0.

„Панцирите“ кои тотално разочараа на последните три големи натпреварувања, откако на Мундијалите двапати не ја поминуваа групата, а на ЕП 2020 загубија во осминафиналето, имаат и тоа како добри мотиви да се надеваат на највисок пласман на шампионатот.

Германија славеше на првите два натпревари на Европските првенства за првпат од 2012 година, а вкупно четврти пат во историјата по 1980 и 1996 година. Исто така избраниците на Јулијан Нагелсман се само втор тим кој во првите два меча на континенталните натпреварувања успеале да постигнат седум гола, а први по Холандија во 2008 година.

Се вчитува...