Фудбалерите на Швајцарија и Шкотска играат 1-1 на полувреме во натпреварот од 2. коло од А групата на Европското првенство 2024 година во Германија.
Натпреварот почна тврдо, па и двете екипи не успеаја да го загрозат голот на противникот, па по првите 10. минути се уште стоеја почетните 0-0.
Првата шанса ја имаше Шкотска и веднаш ја материјализираа за водство од 1-0. Шкотска тргна во добра контра, во која асот на Јунајтед, Скот Мектоминај биеше, по што неспретно реагираше Шар кој си постигна автогол.
🚨 GOAL: Scotland 1-0 Switzerland!
MCTOMINAY PUTS THE SCOTS IN THE LEAD! 🏴 pic.twitter.com/mgWO3joeUy
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 19, 2024
Швајцарија успеа брзо да се врати во игра и да израмни на 1-1 со евроголот на Џердан Шаќири во 26. минута.<
🚨 GOAL: Scotland 1-1 Switzerland!
XHERDAN SHAQIRI PUNISHES SCOTLAND IN RIDICULOUS FASHION! 🇨🇭 pic.twitter.com/kEr7F8xyPZ
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 19, 2024
/p>
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА