Женската ракометна репрезентација на Македонија на убедлив начин го отвори настапто на Светското првенство до 20 години кое се игра во Скопје, откако во првото коло ја оправдаа фаворитската улога против аутсајдерот Соединетите Американски Држави (32-15)
Нашите девојки одлично го отворија натпреварот и веќе на полувреме имаа голема предност 15-6. Во вториот дел нашите девојки само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 32-15.
Сепак, лоша вест за избраничките на Дарко Јанев е повредата на една од нашите најдобри ракометарки Бојана Коцева која со носилки во првото полувреме беше изнесена од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА