Женската ракометна репрезентација на Македонија на убедлив начин го отвори настапто на Светското првенство до 20 години кое се игра во Скопје, откако синоќа во првото коло ја оправдаа фаворитската улога против аутсајдерот Соединетите Американски Држави (32-15).
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Дарко Јанев по мечот говореше и за повредата на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева.
„Победа си е победа. Сега ќе мораме да се кренеме, да бараме замена за моторот на екипата. Да менуваме тактика..“, изјави Дарко Јанев по мечот.
Македонија денеска има слободен ден на шампионатот, а утре се среќава со Исланд во дуелот што најверојатно ќе биде директна пресметка за првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА