Отпадна и Ѓорѓевиќ, Дубаи има нов тренер

Дубаи ќе дебитира на европската кошаркарска сцена, но амбициите во последните месеци значително се намалија. Најпрвин клубот отпадна од комбинација за Евролигата, потоа не се најде ниту меѓу учесниците во Еврокупот, па кога стана јасно дека Дубаи во 2024/25 ќе се натпреварува само во АБА-лигата паднаа и амбициите на раководството и буџетот за тренер и екипа.

Така, најпрвин од трката за нов тренер се повлече српскиот селектор Светислав Пешиќ, беше најавено дека Александар Ѓорѓевиќ ќе биде предводник на овој нов проект, но и екс-селекторот на Србија отпадна од комбинација. Според последните информации, но шеф на струката во Дубаи ќе биде Јурица Големац, словенечкиот стратег кој веќе ги договорил деталите за соработка во наредните две сезони.

Овој стручњак првиот посериозен успех во кариерата го направи откако со Приморска влезе од АБА2 во АБА1лигата. Поради финансиски проблем овој проект набрзо потоа пропадна, Големац се пресели на клупата на Цедевита Олимпија, од каде по неколку сезони доби отказ во 2023.

Останува да се види каков успех ќе има Словенецот на чело на Дубаи, особено ако се знае дека оваа екипа следната сезона речиси сигурно ќе биде дел и од некое европско натпреварување (Еврокупот или Евролигата).

Се вчитува...