Марио Хезоња конечно ја обелодени одлуката за својата иднина, потпишувајќи нов договор со Реал Мадрид со кој хрватскиот кошаркар уште најмалку три сезони ќе го носи дресот на „кралевите“.
Тој се најде во фокусот на вниманието откако еден ден по освоената титула со Реал беше објавено дека се наоѓа пред потпис со лутиот ривал Барселона. Каталонците 24 часа подоцна се откажаа од трансферот, по што Хезоња повторно седна на маса со Реал и псотигна договор за продолжување на соработката.
„Како што знаете, станав слободен агент на крајот од сезоната, бев слободен да одлучам каде сакам да играм во следната сезона. Немав договор со ниту еден клуб, секогаш велев дека јас прв ќе објавам каде ќе играм во иднина… Од првиот момент моја намера беше да останам во Реал, затоа сум многу среќен што денеска објавувам дека кариерата ја продолжувам во мојот дом, во Реал Мадрид уште долго време“, објави Марио Хезоња на својот инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА