Македонија со пад од две места на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА, на рангирањето за месец јуни што денеска беше објавено од светската куќа на фудбалот.

„Црвено-жолтите“ по поразите на пријателските натпревари со Хрва1тска и со Чешка паднаa за две позиции, па Македонија моментно е рангирана како 71. селекција во светот. Во изминатиот период нашата национална селекција ја прескокнаа репрезентациите на Исланд и на Јордан, а зад нас останува Грузија, која е учесник на ЕВРО 2024, но моментно се наоѓа на 74. место во рангирањето на ФИФА.

На врвот нема промени кога станува збор за водечките три селекции во светот, прва е Аргентина пред репрезентациите на Франција и на Белгија. Скок од петтото на четвртото место бележи Бразил, кој ја прескокна Англија на најновото рангирање на светската фудбалска федерација.

Се вчитува...