Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо со неговиот стручен штаб ги започна подготовките со Хајдук за новата сезона.
Гатузо првиот тренинг го одработи во свој стил. По воведните тестирања на помошниот терен на стадионот „Пољуд“. Во попладневните часови следуваше нов тренинг на кој очигледно Гатузо не ги штедеше неговите играчи.
Имено, еден навивач го снимил тренингот на Хајдук и на видеото може да се слушне како легендарниот Италијанец вика по играчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА