Преговорите меѓу италијанскиот шампион Интер и неговиот тренер Симоне Инзаги за нов договор се привремено „замрзнати“, пишува авторитетниот весник „Газета дело спорт“. Не е јасно дали оваа ситуација е директно поврзана со промената на сопственоста во клубот што се случи пред неколку недели.
Покрај тоа, Интер нуди продолжување на договорот на својот тренер до 2026 година, додека самиот Инзаги сака да има договорт до 2027 година. Интер се убедени дека ќе биде постигнат договор и ќе можат да задоволат финансиските барања на Инзаги во форма на некои премии и бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА