Прекрасен противнапад на Словенија во 69. минута кој донесе предност за Словенците, и шок за Србија на теренот во Минхен. И покрај тоа што Србите тргнаа крајно офанзивно во вториот дел да дојдат до триумф, сепак, тоа ги чинеше скапо, барем засега.
Десниот бек Карничник е стрелец, откако убаво се уфрли во нападот, му „избега“ на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и така го постигна голот по нафрлување од левата страна од страна на Елшник после класичен противнапад на Словенците.
Сега Србија е во големи проблеми, сега избраниците на Драган Стојковиќ-Пикси ќе мора да нападнат, затоа што ако загубат, може да се збогуваат со ова Европско првенство, иако веднаш по голот Митровиќ ја погоди пречката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА