Репрезентативецот на Италија, искусниот 33-годишен крилен центар Николо Мели од денеска и официјално е слободен агент откако заврши неговиот договор со Олимпија Милано. Тој заминува од „градот на модата“, но извесно е дека останува дел од Евролигата.
Прашањето е само дали во новата сезона ќе настапува во Белград или во Мадрид, откриваат италијанските медиуми. За неговите услуги се заинтересирани Партизан и Реал Мадрид па Мели има „слатки маки“ кои мора да ги реши во следниот период.
Предност во преговорите му се даваат на Партизан со оглед на тоа одлично се познава со тренерот Жељко Обрадовиќ од времето поминато заедно во Фенербахче. Покрај за Милано и Фенербахче, Мели во богатата кариера настапуваше и за Реџио Емилија, Пезаро, Бамберг, Њу Орлеанс и Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА